Делфин во Јапонија почна да ги напаѓа капачите: „Не им приоѓајте на плажите“

По серија напади од делфини, јапонските власти ги предупредија капачите да се држат настрана од животните. Тие сметаат дека нападите ги извршил еден конкретен делфин, односно дека не е опасност од неколку различни делфини.

Фото: ЕПА

Конкретното животно, обичен индопацифички делфин, се чини дека од крајот на јули повредило најмалку шест лица на три плажи во префектурата Фукуи, каснувајќи неколкумина од нив.

Повеќето инциденти се случиле на 10 метри од брегот, што покажува дека делфините во областа се навикнале на средби со луѓе во плиткото. Локалните медиуми објавија дека властите инсталирале подводен уред што емитува ултразвучни бранови за да се обидат да го намамат делфинот подалеку од капачите. Но и по тоа се случиле два напади.

Во најлошиот инцидент делфин касна човек за рака и тој добил 14 конци.

Полицијата поради тоа почнала да патролира по плажите и да дели летоци со предупредување до посетителите за потенцијалната закана и молба да се држат настрана од овие животни, пишува Гардијан.

„Делфините не сакаат да бидат допирани по одредени делови од телото, како што се врвот на носот и грбната перка“, вели Масаки Јасуи, претставник на одделот за промоција на туризмот.

Експертите од аквариумот во Фукуи веруваат дека нападите ги извршил одреден делфин, кој првпат бил забележан во областа во април. Меѓу жртвите се двајца мажи на 40-годишна возраст, обајцата добиле болничко лекување поради полесни повреди, и маж на 60-годишна возраст, кој пливал на помалку од четири метри од брегот на плажата Такасу кога делфинот го каснал за рака.

„Слушнав за делфинот на вестите и планирав веднаш да излезам од водата ако го видам, но го забележав дури кога веќе беше до мене“, изјави 60-годишникот за локалниот весник.

Сопственикот на блиското кафуле рекол дека во минатото делфините повремено знаеле да ги турнат капачите, но дека од неодамна почнале да „им се фрлаат“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе