Децата на Ердоган: син му убил пејачка во судир, ќерка му обвинета за перење пари (ФОТО)

Ердоган е во брак со Емине од 1978 година. Парот има четири деца – двајца синови Ахмед Бурак и Билал и две ќерки – Есра и Сумеја.

Фото: ЕПА

Ахмед Бурак Ердоган

Ахмед е најстарото дете на Ердоган. Тој е роден во 1979 година во Истанбул. Се школувал во училиштето Имам Хатип, а дипломирал на Универзитетот во Истанбул. Како и во случајот на неговите сестри и на братот, и неговото образование го платил Ремзи Гур, турски текстилен претприемач и пријател на семејството Ердоган.

По студирањето почнал свој бизнис и денес важи за успешен претприемач. Тој е директор на компанијата МБ Денизчилик. Во 2015 година медиумите пишуваа дека поседува 99 отсто од оваа компанија и дека неговата фирма има танкери вредни 80 милиони долари.

Пред нешто повеќе од 20 години беше вмешан во голем скандал, кој турската јавност го нема заборавено.

Во 1998 година учествувал во сообраќајна несреќа во која била сериозно повредена пејачката Севим Танурек. Таа по оваа несреќа починала во болница. Кога се случила несреќата, Бурак немал возачка дозвола, а откако ја удрил пејачката, побегнал од местото на несреќата.

Несреќата се случила во времето кога неговиот татко бил градоначалник на Истанбул. Младиот Бурак никогаш не одговарал за несреќата, туку тогаш ја напуштил Турција за да студира економија во Лондон.

Денес е во брак со Сема Кетенчи, со која се ожени во 2001 година.

Есра Ердоган Албајрак

Есра е постарата ќерка на Ердоган (родена е во 1983 година) и сопруга на поранешниот министер за финансии на Турција Берат Албајрак, со кој се омажила во 2004 година. Гости на нивната венчавка биле романскиот и грчкиот премиер, јорданскиот крал, пакистанскиот претседател, како и министерот за надворешни работи на Турција, но и претседателот на Народното собрание.

Фото: ЕПА

Парот има четири деца – Ахмет, Емине, Садик и Хамза.

Средното образование го завршила во училиштето Имам Хатип, а дипломирала социологија и историја на Универзитетот во Индијана во 2003 година. Магистрирала на калифорнискиот универзитет Беркли. Во 2016 година докторирала социологија на истиот факултет. Еден од нејзините пријатели со кој студирала ја опиша како „силна личност, со строги уверувања за животот, верата, политиката, но и за семејството“.

Есра во 2013 година била обвинета за перење пари, а во сета приказна бил вмешан и нејзиниот брат Билал. Станува збор за голем корупциски скандал што избил во Турција таа година. Тогаш се проверувало работењето на ТУРГЕВ, невладина организација од Истанбул, во чиј одбор бил Билал.

Нечметин Билал Ердоган

Билал е второто дете на Ердоган (роден е во 1981 година). Средно училиште завршил во 1999 година, а потоа студирал во Америка. Дипломирал политички науки и економија на универзитетот Индијана Блумингтон. Потоа магистрирал во школата Џон Ф. Кенеди на Универзитетот Харвард во 2004 година.

По школувањето извесно време работел во Светската банка како приправник. Во Турција се вратил во 2006 година и го почнал својот деловен живот. Ердоган е еден од тројцата акционери на БМЗ груп Денизчилик, корпорација за поморски транспорт. Исто така е и во управниот одбор на фондацијата за образование и млади.

Се оженил во 2003 година и со сопругата Рејан Узунер има два сина, Омер Тајип и Али Тахир, и ќерка Фатима Сера.

Фото: ЕПА

Во октомври 2015 година, откако партијата на татко му го изгуби парламентарното мнозинство, соопштено е дека со семејството се сели во Болоња во Италија. Се наведува дека ќе докторира на Универзитетот Џонс Хопкинс САИС во Болоња.

Во 2016 година обвинителот на Болоња покренал против него тужба за перење пари. Меѓутоа, тоа не било единствениот скандал во кој бил вмешан Билал. Во 2013 година со сестра му се соочил со обвинувања за корупција, па морал да сведочи за сѐ. За време на тој скандал тој побегнал во Грузија за да не биде уапсен.

Во периодот од 2008 до 2012 година Билал го обвинуваа и за измами и подмитувања поврзани со неговата хуманитарна организација Тургев. Се слушаа на негова сметка и обвинувања за нелегална трговија со нафта со ИСИС. Тој тие обвинувања тој ги негираше.

Сумеја Ердоган Барјактара

Таа е најмладото дете на Ердоган (родена е во 1985 година). Во март 2016 година се свршила со Селчук Бајрактар, па потоа во мај таа година се омажила со него. Парот има едно дете – Канан Ајбјук.

Откако во 2002 година не ја добила посакуваната оценка за приемен испит за факултет, го продолжила школувањето во САД. Со стипендија на еден бизнисмен дипломирала социологија и политика на Универзитетот Индијана во Блумингтон. По завршувањето на школувањето во 2005 година, завршила мастер студии по економија во Лондонската школа за економија.

Во 2010 година станала партнерка во една компанија во која меѓу партнерите наводно бил и нејзиниот брат. Истата година почнува да работи како консултант во Партијата на правдата и развојот (партија на нејзиниот татко Ердоган), каде што била задолжена за следење на надворешните односи и нивните рефлексии во светскиот печат.

Четири години му била советник на својот татко, а оваа улога престанала да ја врши во 2014 година. За време на протестите во паркот Гези во 2013 година била вклучена во состаноците меѓу владата и разните уметници.

Во 2015 година се појавиле гласини дека Сумеја наводно ќе се кандидира за место во парламентот, меѓутоа не дошло до тоа.

За неа се врзани многубројни контроверзии. Се тврдеше дека е изгасен сајтот што објавувал нејзини фотографии додека студирала во САД. Исто така се раскажуваше дека постигнала договор со една компанија да се отстранат вестите објавени за нејзиниот приватен живот во минатото. ОдаТВ подоцна извести дека ги контактирала компанија што тврдела дека е задолжена да се грижи за репутацијата на Сумеја Ердоган на онлајн-сервисите и ги замолила да ја избришат статијата што ја објавиле за неа пред две години.

Фото: ЕПА

Во јавноста се појавија нејзини аудиоснимки на кои се зборува за дневниот ред за наведување на ботовите на АКП-партијата на Твитер да твитуваат во нивна корист на социјалните мрежи.

Врз основа на аудиоснимките, во еден момент е откриено дека наводно, заедно со својот брат Билал, пренесувала пари од своите домови на различни места според упатствата на татко им и дека таа се состанала со Мустафа Латиф Торбаш во врска со вилите изградени на археолошкиот локалитет во Урли.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе