„Северен тек 2 доби дозвола за работа на гасоводот во данскиот епиконтинентален појас“, рече агенцијата.
Гасоводот Северен тек 2 ќе пренесува руски гас до Германија преку Балтичко Море. Капацитетите ќе бидат двојно поголеми од досегашните. Конзорциумот е под контрола на руски Гаспром.
Данската агенција минатата година ја одобри изградбата на гасоводот Северен тек 2. Гасоводот ќе поминува преку данскиот епиконтинентален појас во должина од 147 километри, југоисточно од островот Борнхолм. Изградбата на гасоводот е речиси завршена.
Гасоводот минува и низ руски, фински, шведски и германски води. Долг е речиси 1.200 километри.
Проектот е критикуван од САД и некои европски држави и започна да се доведува во прашање поради труењето на рускиот дисидент Алексеј Навални. Првиот истоимен гасовод пуштен е во работа во 2011/2012 година.