„Спремни сме на секој вид дијалог“

Дачиќ: Србија на мерките на Црна Гора ќе одговори реципрочно

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ најави денес дека на секоја мерка на Црна Гора околу спорниот закон за верски слободи Србија ќе одговори реципрочно.

Дачиќ ги отфрли како „апсолутна невистина“ тврдењата на властите во Подгорица дека Србија ја поткопува стабилноста на Црна Гора.

„Тоа е мантрата за сите проблеми секогаш да се обвинуваат Белград и големосрпскиот национализам, што е апсолутно неточно. Србија се однесуваше конструктивно. Ние сме спремни за секаков вид дијалог, сакаме добри односи со Црна Гора“, кажа српскиот министер.

Наведувајќи дека на пописот во 2011 година 29 отсто од жителите на Црна Гора се изјасниле како Срби, Дачиќ кажа дека многу помал број од нив е вработен во администрацијата на таа земја.

„Знаете дека не можат да набројат ниеден Србин кој има некаква функција. Срби има 29 отсто во Црна Гора, а според нивните податоци, во администрацијата работат едвај пет до осум отсто Срби“, кажа Дачиќ.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе