„Апелираме на мир“

Дачиќ: Се надеваме дека нема да има грабање на храмовите, тоа може да предизвика судири

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Белград цврсто стои зад правата на српскиот народ и Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора и дека ќе ги употреби сите дипломатски средства за да им помогне.

„Се надеваме дека нема да дојде до грабање на српските храмови, бидејќи тоа може да предизвика огромни судири, не само во Црна Гора, туку тоа може да се прелее на целиот регион. Ние ќе ги влечеме потезите во обид да ги зачуваме мирот и интересите на српскиот народ, српските храмови, СПЦ и нејзиниот имот“, кажа Дачиќ, коментирајќи ги тензиите околу усвојувањето на контроверзниот закон за слобода на вероисповедта во црногорскиот парламент.

Дачиќ истакна дека неговото министерство вчера во соопштение „изразило загриженост“ поради случувањата во Црна Гора по повод усвојувањето на законот за слобода на вероисповедта, „донесен без консултации и со противење на СПЦ, најголемата верска заедница во таа земја“ и додаде дека државата Србија има контакти со претставниците на српските партии и СПЦ во Црна Гора.

„Не е само српскиот народ тој што СПЦ ја смета за единствена каконска црква во Црна Гора, тоа е и голем број од оние што се изјаснуваат како Црногорци. Ниедна друга православна цррква не ја признава самопрогласената Црногорска православна црква. Да се надеваме дека разумот ќе превладее, дека нема да има предизвикување судири“, наведе шефот на српската дипломатија.

„Ние апелираме на мир, да нема судири и инциденти, и апелираме на единство на српскиот народ“, кажа Дачиќ.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе