„Одлуката за Монтенегро ерлајнс не е политичка“

Дачиќ: Нелогична е одлуката Црна Гора да не ја отвори границата со Србија

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени дека е нелогична одлуката на Црна Гора да не ја отвори границата за граѓаните на Србија.

EPA-EFE

„Нелогично е во денот кога Унгарија ги отвора границите со Србија, кога Киријакос Мицотакис и Бојко Борисов кажуваат дека ќе ги отворат границите за граѓаните на Србија и дека нема да бидат потребни ни тестови ни карантин, а и Србија ги отвора границите од 1 јуни за Црна Гора, нелогично е тоа да не го следат останатите земји од регионот“, кажа Дачиќ.

„Ако тоа не е опасно за граѓаните на Унгарија, Бугарија и Грција, зошто релаксацијата на мерките би била опасна за граѓаните на Црна Гора“.

Тој додаде дека Србија не ја добила од Црна Гора таа одлука официјално.

Одлуката на авиокомпанијата Монтенегро ерлајнс да не ѝ се дозволи слетување на белградскиот аеродром, наведе Дачиќ, е одлука на цивилните воздухопловни власти на Србија и не е политичка ниту мерка на реципроцитет.

„Ер Србија бараше од Монтенегро ерлајнс претходно дозвола за летови за Подгорица и Тиват, сѐ уште не ја добила. Одлуката на цивилните воздухопловни власти исклучиво се бави со прашањата на авиопревозот и позицијата на нашиот авиопревозник кој мора да има рамноправна позиција со нив“, наведе тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе