„Цунами“ од заразени во Лондон, наредниве денови болниците може да се преплават (ВИДЕО)

Лондонските државни болници се соочени со „постојано цунами“ од сериозно заболени од новиот вирус ковид-19, соопшти здравствениот функционер Крис Хопсон.

Тој истакна и дека болниците истовремено се справуваат со голем број заразени членови на медицинскиот персонал.

Бидејќи значително го зголемија капацитетот на приеми во интензивна нега во последните недели, болниците во Лондон се соочуваат со „експлозија“ на бројот на тешко заболени пациенти, со своевидно „постојано цунами“, изјави Хопсон.

Медицински персонал заразен со коронавирусот досега има негде од 30 до 40 отсто, а на некои места и до 50 отсто, кажа Хопсон и додаде дека станува збор за стапки на заболеност „без преседан“ меѓу лекарите.

Според билансот од вчера, во Британија умреа 463 лица од новиот коронавирус а 9.529 луѓе се заразени.

Научникот Нил Фергусон, кој ја советува владата за постапувањето за време на пандемијата, кажа за Би-би-си дека се надеваат дека за три недели ќе може да почнат „да ја израмнуваат кривата“ на бројот на заразени, која засега и понатаму нагло расте.

Владата нарачала 10.000 респиратори од компанијата Дајсон, која произведува правосмукалки. За да му помогнат на потклекнатото здравство, се пријавиле 560.000 граѓани доброволци.

Поради влошувањето на ситуацијата, владата наложи општа изолација и објави дека следната недела ќе отвори полска болница со 4.000 кревети во конференциски центар во Лондон.

Во тек се работите Ексел центарот да се претвори во импровизирана болница за заразените.

Еден од работниците објави снимка на која се гледа како изгледа болницата.

„Не го сфаќав сериозно вирусот сѐ додека не ја видов големината на овој простор“, кажа тој и апелираше до сограѓаните да почнат сериозно да го сфаќаат коронавирусот, бидејќи Британците очигледно се спремаат за висока стапка на смртност.

Во рамки на комплексот се планирани и две мртовечници.

Според британските медиуми, дури десетици такви привремени објект би можеле да бидат поставени низ Британија. Целта е да се избегне „италијанското сценарио“ со преполни болници, што се одразува и на бројот на мртви.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе