Црна Гора сега има најмногу активни заразени во регионот

Откако црногорскиот институт за јавно здравје во вторникот ги внесе во системот резултатите од 2.000 теста што претходно беа испратени во Германија за анализа, поради помалиот капацитет на црногорските лаборатории, Црна Гора стана земја со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот, пренесе Хина.

Фото: ЕПА

Овие резултати, наводно, покажале дека 475 од 2.000 теста анализирани во Германија се позитивни на коронавирусот, а кога на нив ќе им се додадат 66-те позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, се добиваат вкупно 1.453 активни случаи, или 231 активен случај на 100.000 население.

Црногорските медиуми објавија дека во Македонија се активни 167 случаи на 100.000 жители, 109 во БиХ, 52 во Албанија, 28 во Хрватска и 13 во Словенија.

Во Србија има 66 активни пациенти на 100 илјади жители, но, според Хина, тука се смета бројот на хоспитализираните пациенти со коронавирус.

Црногорските здравствени власти, по анализата на епидемиолошката состојба, во вторникот вечерта забележаа значително зголемување на новите случаи во црногорскиот главен град Подгорица, каде што живеат 200.000 луѓе, што е третина од вкупното население во таа земја. Во моментов во Подгорица има 553 активни случаи.

Во првиот бран на епидемијата на коронавирусот во Црна Гора беа заразени 324 пациенти, или скоро пет пати помалку отколку во вториот бран, кој почна во средината на јуни. Претходно Црна Гора, потсетува Хина, се прогласи за прва држава „без корона“ во Европа, прогласи крај на епидемијата и ги отвори своите граници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе