Црна Гора го отвори последното поглавје во преговорите со ЕУ

Црна Гора на Меѓувладината конференција во Брисел го отвори осмото, последно поглавје во преговорите со Европската Унија.

EPA-EFE

Поглавјето осум кое отворено ги опфаќа заштитата на конкуренцијата и државната помош, а преговорите за тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политиката на заштита на конкренцијата, што придонесува на унапредувањето на економијата, развојот и растот на бројот на стопански друштва, унапредување на инвестициите во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот.

Во име на Црна Гора на конференцијата учествуваше шефот на мисијата на Црна Гора во ЕУ амбасадорот Бојан Шаркиќ, а во име на ЕУ Ирена Андраши, постојаната претставничка на Хрватска во ЕУ, и Кристијан Даниелсон, генералниот директор за европска соседска политика и преговорите за пристапување.

Црна Гора преговорите за членство во ЕУ г почна пред осум години и досега ги отвори сите поглавја, а привремено ги затвори поглавјата 25 – наука и истражување, 26 – образование и култура, и 30 – надворешни односи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе