Црна Гора ги отвори границите за Русите, така планира да ја спаси туристичката сезона

Црна Гора денес ги отвори границите за државјаните на Руската Федерација и Азербејџан за да му помогне на својот туристички сектор, кој годинава поради коронакризата бележи големи загуби.

EPA-EFE

Владата ги уважи барањата на туристичките работници и на државјаните на Русија и Азербејџан им дозволи влез во Црна Гора, без притоа да мора да исполнуваат какви било специјални услови, како негативен тест на вирусот или задолжителна самоизолација.

Таканаречениот „оперативен штаб за туристичко стопанство“ истите услови за влез во Црна Гора ги побара и за жителите на државите од Западениот Балкан, но црногорската влада таа одлука ќе ја донесе дури откако ќе добие мислење од здравствените власти за епидемиолошкиот ризик што би настанал со отворање на границите за државите од регионот.

Согледувајќи ја епидемиолошката ситуација во државите од опкружувањето, и особено веродостојноста и релевантноста на достапните податоци, како и потребите на туристичкото стопанство и националните интереси на Црна Гора, оценето е дека нема пречки за либерализација на влегувањето на руските и азербејџанските државјани, додека одлуката за државјаните од земјите од опкружувањето е одложено додека Институтот за јавно здравје не достави проценка на епидемиолошкиот ризик за Црна Гора, и тоа за секоја држава поединечно, соопшти црногорската влада.

Туристичкиот сообраќај во Црна Гора ова лето е помал за 90 отсто во однос на рекордната 2019 година, признава директорката на црногорската Туристичка организација Жељка Радак Кукавичиќ, но таа верува дека овозможувањето на доаѓањето на туристите од Русија и Азербејџан, со брзо воспоставување на воздушниот сообраќај, може да го придвижи туристичкиот сообраќај од тие пазари и да ги ублажи последиците врз туристичкиот сектор.

Црна Гора во последните седум дена бележи пад на бројот на активните случаи на зараза со коронавирусот, што е последица на сѐ помалиот број новозаболени и порастот на бројот на излечените. Во таа земја со ковид-19 во моментов се заразени 1.562 пациенти, а излекувани се 1.372. Во вториот бран, кој почна кон средината на јуни, од коронавирусот починаа 43 лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе