Црна Гора ги одби респираторите од Србија

Претседателот на Националното координационо тело на Црна Гора, Милутин Симовиќ, му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ дека нема потреба да се грижи за Црна Гора и со тоа ги одби понудените респиратори од Србија.

Тој додаде дека би било добро своето внимание Вучиќ да го фокусира на заштитата на здравјето и доброто на граѓаните на Србија.

Вучиќ синоќа негираше дека Србија на границата запленила респиратори за Црна Гора.

„ќе се снајдеме ние. За среќа сѐ уште има држави и пазари на кои е можно за свои пари да се купат производите што недостигаат, како пто во Србија ја купивме храната за која што зборува српскиот претседател. Има држави во кои е можно да се договори купување стока произведена во трети земји, а да не ви биде одземена како што тоа се случи со респираторите од српскиот пазар“, наведе Симовиќ на Твитер.

Владата на Црна Гора на официјалниот профил на Твитер го сподели овој одговор, а потоа и одговорот на министерот за здравство Кенан Храповиќ:

„Му благодарам на Вучиќ на понудата да ни ги донира трите наши респиратори кои ние ги нарачавме за црногорското здравство. Ценејќи ја сериозноста на ситуацијата во соседната држава веруваме дека тие средства во овој момент му се попотребни на здравствениот систем на Србија“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе