ЦИА ги објави своите документи за НЛО (ВИДЕО)

Вистината е таму некаде. Можеби. Американската разузнавачка агенција ЦИА ги отвори своите тајни досиеја за неидентификуваните летечки објекти и сите заинтересирани ловци на вонземјани сега можат да ги проверат своите теории.

EPA-EFE

Досиејата се достапни на сајтот Блек волт, онлјан архивата на државни документи од кои е тргната ознаката „доверливо“, откако основачот на сајтот Џон Гринвалд купил диск со документите за НЛО во посед на ЦИА. Околу 2.700 страници од документите се достапни на сајтот, а ЦИА тврди дека тоа е сè што имаат за неидентификуваните летечки објекти. „Невозможно е да се утврди дали е тоа вистина“, вели Гринвалд.

Меѓу документите има податоци за мистериозна експлозија во руски град и сведоштво од прва рака за чудни објекти забележани во близина на Баку, главниот град на Азербејџан. Сите тие, пишува Гардијан, се четиво кое се очекува во некој научнофантастичен роман, а не во официјални документи.

Некои документи се речиси нечитливи и нивната цел не е јасна. Гринвалд кажал за Вајс дека ЦИА намерно сите свои досиеја ги спакувала во „застарен“ формат за да го отежни пристапот до колекцијата.

„ЦИА неверојатно го отежнала пристапот до нивните податоци. Овој застарен формат им отежнува на луѓето да ги видат документите и да ги користат во своите истражувања“, вели тој.

Документите се објавени во момент кога НЛО, односно неидентификуваните небесни феномени, како што ги нарекува американската влада, ги заинтересираа конгресмените. На крајот на декември Конгресот им наложи на директорот на националната разузнавачка агенција и министерот за одбрана да објават извештај за сите видени НЛО во последните шест месеци.

Разузнавачкиот комитет на Сенатот, кој и ја напиша директивата, наведе дека разузнавачките и одбранбените агенции треба да внимаваат на „странските влади“ и тоа дали „постои закана по воените средства и инсталации“ на САД, што навело многумина да помислат дека можеби непријателите на САД стојат зад чудните појавувања на НЛО.

На снимките кои протекоа во јавноста минатата година се гледаат неидентификувани објекти во воздух кои ги снимиле пилоти. Се слушаат пилотите како ги коментираат брзината и обликот на тие објекти.

Поранешниот американски сенатор Хари Рид, кој претходно заговараше да се истражат неидентификуваните летечки објекти, ја твитна снимката наведувајќи дека САД мота на „сериозен, научен начин да се позанимаваат со ова и да утврдат дали постојат некои потенцијални опасности по американската безбедност“.

Во август минатата година, министерството за одбрана ја информирало единицата за НЛО која треба да ги „детектира, анализира и категоризира неидентификуваните небесни феномени кои претставуваат потенцијална закана по американската безбедност“ откако конгресмените побараа посериозна истрага на НЛО извештаите.

Сенаторот Марко Рубио, републиканецот од Флорида кој е на чело на разузнавачкиот комитет на Сенатот наведе во интервју за локалните медиуми дека властите се многу повеќе загрижени од технолошкиот напредок на американските противници отколку за доказите за постоење вонземски живот.

„Искрено, ако се утврди дека тоа е нешто што не е од оваа планета, тоа би било подобро отколку да станува збор за технолошки напредок на Кинезите, Русите или други противници“, кажа Рубио.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе