Француски судија одреди отворање кривична истрага против четворица полицајци поради тепање на музички продуцент во неговото студио во Париз на почетокот на овој месец, велат медиумите.
Минатата недела се појави видео од полицајци белци како го напаѓаат продуцентот Мишел Зеклер.
Четворицата осомничени, според судски извори, се соочуваат со обвиненија за „намерно насилство од лице со овластување“, објавија денес француските медиуми.
На двајца им е одреден притвор.
Ça s'est passé samedi à Paris. 15 minutes de coups et d'insultes racistes.
— Loopsider (@Loopsidernews) November 26, 2020
La folle scène de violences policières que nous révélons est tout simplement inouie et édifiante.
Il faut la regarder jusqu'au bout pour mesurer toute l'ampleur du problème. pic.twitter.com/vV00dOtmsg
Одлуката за отворање на официјална истрага доаѓа во време на зголемена загриженост за полициското насилство во Франција.
Обвиненијата против полицајците вклучуваат и употреба на расистички јазик и намерно насилство со употреба на оружје, рече во неделата парискиот обвинител Реми Хејц.
Во саботата избија насилни судири во престолнината на Франција за време на протестите против полициското насилство откако претседателот Емануел Макрон еден ден претходно рече дека снимките од наводното тепање се „срам за Франција“.
Музичкиот продуцент Мишел Зеклер рече дека полицајците го „нападнале“ во неговото музичко студио во 17 париски округ на 21 ноември.
Тој рече дека се шетал во близина на студиото и не носел маска, со што ги прекршил француските здравствени протоколи во борбата против коронавирусот. Кога видел полициско возило, влегол во своето музичко студио за да избегне парична казна.
Тој додаде дека полицијата го следела до студиото и физички го нападнала и навредувала по расна основа.