Според неговиот телеграм-профил

Чеченецот Кадиров отпатувал во Украина за да се сретне со чеченските војници што го напаѓаат Киев (ВИДЕО)

Рамзан Кадиров, лидерот на рускиот регион Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата порача дека отпатувал во Украина за да се сретне со чеченските војници што го напаѓаат Киев, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Ројтерс вели дека не може самостојно да потврди дали тој е во Украина и дали отпатувал таму за време на конфликтот.

Претходно во неделата чеченскиот телевизиски канал Грозни објави видео на својот канал на социјалната мрежа Телеграм на кое се гледа како Кадиров во затемнета просторија разговара со чеченски војници за воената операција за која тие рекоа дека се случила на седум километри од главниот град на Украина.

Во соопштението не беше јасно каде и кога се одржала средбата.

Кадиров подоцна се потсмеваше на друга објава што фрла сомнеж дали тој навистина отпатувал во регионот на Киев.

„Зошто ако? Не ја виде снимката или треба да ти тропнам на врата?“, напиша Кадиров на својот официјален профил на Телеграм.

Кадиров, кој често се опишуваше себеси како „пешакот“ на Путин, објави видеоснимки од тешко вооружени чеченски трупи во регионот на Киев како дел од руските сили.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постојано го обвинуваат за кршење права, што тој го негира.

Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, претежно муслимански регион во јужна Русија, од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Но оттогаш, таа инвестираше огромни суми пари во регионот за да го обнови и му даде на Кадиров голема автономија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе