Турскиот министер за надворешни работи

Чавушоглу: Путин размислува за разговори со Киев

Потенцијалните преговори треба да ги земат предвид „новите услови“, рече високиот турски дипломат, цитирајќи го рускиот претседател.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин размислува за продолжување на разговорите со Украина, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Токио, каде што присуствуваше на погребот на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен во јули. 

Според Чавушоглу, Путин ја изнел идејата за време на разговорот со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган на неодамнешниот самит на Шангајската организација за соработка (СЦО) во Самарканд, Узбекистан.

„Во текот на преговорите со нашиот претседател, Путин најави можност за враќање на преговорите со Киев, но под новите услови што се создадоа“, рече Чавушоглу, но не ги елаборираше наведените „услови“.

Министерот, исто така, ја повтори желбата на Анкара да организира директни разговори меѓу Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски. „Нашиот претседател ќе продолжи со контактите со Путин и со Зеленски. Нашата цел е да ги зближиме двајцата лидери за да се осигуриме дека одлуките се носат на ниво на лидери“, рече Чавушоглу.

Минатата недела, пак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека во моментов нема изгледи за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина.

„Во сегашните околности оружениот конфликт во Украина не може да се реши со преговори“, изјави Песков во понеделникот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе