Шефот на турската дипломатија

Чавушоглу: Ердоган следниот месец во посета на балканските земји

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе престојува во посета на балканските земји и дека тоа ја потврдува посветеноста на таа земја на мирот и стабилноста на регионот.

EPA-EFE

„Посетата на балканските земји на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот“, кажа Чавушоглу, зборувајќи на отворањето на 13-тата конференција на амбасадори која се одржува во Анкара.

Наведе дека Турција со своите воени операции на северот на Сирија отворила пат за враќање на мирот.

Истакнувајќи дека Турција го поддржува ослободувањето на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу кажа дека неговата земја стои со вистината и правдата и повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе