Чарлс Трети денеска официјално станува крал

Чарлс Трети официјално ќе биде прогласен за нов британски крал на денешната церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон.

Фото: ЕПА

Ова го соопшти Бакингемската палата.

Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело кое вклучува високи владини личности ќе има два дела, објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата на Шкотска.

Во текот на денот парламентот треба да положи заклетва на кралот и да му изрази сочувство за смртта на неговата мајка, поранешната кралица Елизабета Втора, а новиот крал потоа треба да ги прими премиерката и министрите на Владата, според британските медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе