Значителен пад

Цените на нафтата на најниско ниво од февруари

Цените на нафтата минатата недела на светските берзи остро паднаа, спуштајќи се на нивото од февруари под притисок на загриженоста дека рецесија во глобалната економија би довела до пад на побарувачката за енергенси.

EPA-EFE

Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе минатата недела за 8,7 отсто на 94,92 долари, додека на американскиот барелот поевтини за 9,7 отсто на 89,01 долари.

Значителниот пад на цените на нафтата се надоврза на јулскиот пад, за време на кој на лондонскиот пазар поевтини за околу 4 отсто, а на американскиот за речиси седум отсто. Цената на нафтата на меѓународните пазари сега е на најниско ниво од февруари.

Трговците со нафта минатата недела ги загрижи силната инфлација, успорувањето на економскиот раст и побарувачката, а уште поголемиот пад на цените на барелот ги ограничуваше тесната понуда.

Загриженоста за рецесија се засили откако британската централна банка во четвртокот ја зголеми каматната стапка за 50 базни бода, на 1,75 отсто, најмногу во последните 27 години, и предупреди дека економијата би можела оваа година да потоне во рецесија која би можела да трае до 2024.

Од друга страна, американската економија веќе забележа два квартали пад на активноста, и по дефиниција веќе е во техничка рецесија. Сепак, инвеститорите повеќе ги загрижува скокот на вработеноста во јули за 528 илјади, што е повеќе од очекувањата и воедно 19 месец по ред бројот на вработени во најголемата економија расте. Тоа, имено, му го отвара патот на (централната американска банка) Фед да продолжи со агресивното кревање на каматните стапки.

Фед веќе во два наврати ги крена каматните стапки за 0,75 процентни бода, односно вкупно 1,5 отсто, а слично би можело да биде и во септември, бидејќи сака да ја заузда инфлацијата. Повисоките каматни стапки негативно влијаат на економскиот раст, што за возврат би можело да доведе до пад на побарувачката за нафта на најголемиот светски потрошувач.

Од друга страна, понудата на нафта и понатаму е слаба. Бројот на објекти за дупчење, претходен показател на идното производство во Соединетите Американски Држави, е намален една недела пред 5 август, за првпат во последните десет недели и тоа за седум, на вкупно 598, според податоците на компанијата Бејкер Хјуз ко.

Групата на нафтени произведувачи ОПЕК+ договори кон средината на неделата дека ќе го зголеми производството на нафта за 100 илјади барели дневно во септември, но тоа е едно од најмалите зголемувања на производната квота откако се воведени во 1982 година, покажуваат податоците на ОПЕК.

Како причина за толку скромното зголемување на квотите се наведени намалените производни капацитети на нафтениот картел, односно „многу ограничената достапност“ на резервни капацитети, кои се чуваат за случај на „сериозни нарушувања на снабдувањето“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе