Индексот порасна на 134,4 бода

Цените на храната во светот највисоки во повеќе од десет години

Цените на храната во светот пораснаа во ноември четврти месец по ред и во моментов се на највисоко ниво во повеќе од десет години, поттикнати од силната побарувачка за пченица и млечни производи, објави агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО).

EPA-EFE

Индексот на цените на храната на УНФАО, кој ги следи цените на корпите на основните прехранбени производи, порасна во ноември 1,2 отсто во однос на ревидираната вредност во октомври, на просечни 134,4 бода.

Тоа е неговата највисока вредност од јуни 2011 година и најавува раст на цените на прехранбените производи на годишно ниво од 27,3 отсто.

УНФАО ја намали почетната вредност на индексот во октомври за 0,4 бода.

Цените на земјоделските производи нагло пораснаа минатата година како резултат на застојот при жетвата и силната побарувачка.

Најмногу минатиот месец пораснале цените на млекото и млечните производи, 3,4 отсто во однос на октомври, поттикнати од силната увозна побарувачка за путер и млеко во прав.

Силно пораснале и цените на житарките, 3,1 отсто во однос на октомври, односно 23,2 отсто во однос на минатогодишниот ноември.

Цените на пченицата достигнале највисока вредност од мај 2011 година, поради загриженоста која ја предизвикаа несезонските дождови во Австралија и неизвесноста поради можни промени на извозниот режим во Русија.

„Шеќерот поскапи 1,4 отсто во однос на октомври, пред сè поради повисоките цени на етанолот кои ги поттикнаа одгледувачите на шеќерна трска да ја насочат во секторот на производство на алкохол“, објаснија од УНФАО.

Во однос на минатогодишниот ноември, цените на шеќерот се повисоки за околу 40 отсто.

Цените на растителните масла се речиси непроменети во однос на октомври, додека цените на месото паднале за 0,9 отсто во однос на претходниот месец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе