Бугарските социјалисти поради протерувањето на руските дипломати нема да поддржат нова влада на Петков

Бугарските социјалисти, партнери во владата во заминување на премиерот Кирил Петков, кажаа денес дека поради протерувањето на 70 руски дипломати нема да поддржат нова владата на Петков.

EPA-EFE

Овој став на социјалистите би можел најсиромашната земја членка на Европската Унија уште повеќе да ја приближи до нови избори на есен, четврти од април 2021.

Социјалистите протерувањето на дипломатите поради сомнеж за шпионирање го сметаат за неприфатливо.

„Ги прекинуваме сите преговори со партијата ПП (Промените продолжуваат) за формирање нова влада“, кажа лидерката на социјалистите и вицепремиерка во заминување Корнелија Нинова.

„Одлуката за протерување 70 руски дипломати е апсурдна... Ја сметаме за целосно неприфатлива“, кажа таа.

Нинова кажа дека Петков одлуката за исфрлање на Русите од земјата ја донел без одобрување на владата и дека нејзината партија би можела да се врати на преговарачката маса за формирање нова коалициска влада со ПП ако Петков не биде номиниран за премиер.

Претседателот Румен Радев, кој не се сложува со премиерот во заминување, одби да го коментира протерувањето, кажувајќи дека нема доволно детални информации, но кажа дека се надева дека Петков ги зел предвид можните последици.

Петков кажа дека одлуката била донесена по седница на државниот совет за безбедност на 9 јуни и врз основа на три извештаи на тајните служби од мај и јуни.

„Изгледа дека дошло до недоразбирање. Одлуката за тоа што се случи не ја донесов јас“, им кажа Петков на новинарите.

Неговата владејачка партија ПП се обидува да собере мнозинство за нова влада откако на неговата влада минатата недела ѝ беше изгласана недоверба, но аналитичарите беа скептични дека ќе успее во тоа и пред одлуката на социјалистите.

По нападот на Украина Петков зазема необично силен антируски став за земја која со Русија дели културолошки и историски врски и со години привлекува руски туристи. Тој не го коментираше ставот на социјалистите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе