Бугарските кандидати „удрија“ по Турција

Лидерите на двете главни партии на претстојните парламентарни избори во Бугарија ја прозваа Турција за она што сметаат дека е „мешање во кампањата“.

„Нашата партија категорично одбива мешање на странска земја во нашите внатрешни работи. Не ги прифаќаме изјавите на турскиот министер за социјална помош и на турскиот амбасадор кои отворено повикуваат да се гласа за одредена партија“, изјави Корнелија Нинова од Социјалистичката партија, а како што пренесува Франс прес, таа притоа мислела на партијата на турското малцинство Дост, која за првпат ќе учествува на избори.

Бојко Борисов од партијата на десниот центар ГЕРБ и поранешен шеф на полицијата се надева дека по изборите ќе го добие третиот премиерски мандат, има сличен став.

„Тоа мешање е неприфатливо, но мораме да ја засилиме дипломатијата, но имајќи предвид дека Турција е наш сосед“, изјави Борисов за француската агенција.

Бугарската влада ги повика поради ова минатата недела турскиот амбасадор, како и својот претставник во Анкара на консултации.

Во Бугарија живеат околу 700.000 Турци, кои во таа земја останале по распаѓањето на Отоманското царство, а над 200.000 етнички Турци со бугарски пасош живеат во Турција.

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 26 март и тоа се веќе трети избори во последните три години. Анкетите укажуваат на тесна трка меѓу ГЕРБ и Социјалистичката партија.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе