„Кој врши притисок врз него?“

Бугарскиот претседател се обидува да ги одложи изборите

Претседателот на Бугарија Румен Радев сака да ги одложи парламентарните избори во таа земја и форсира промена на процедурата на гласање.

EPA-EFE

По повод измената на процедурата на гласање, Радев ги повикал на консултации претставниците на партијата Волја.

Претседателот на таа партија, бугарскиот бизнисмен Веселин Марешки, смета дека вакви консултации не можат да се вршат два месеци пред изборите.

„Ми изгледа многу чудно тоа што консултациите се прават сега, а не пред шест месеци“, кажа тој за бугарската телевизија Нова.

Тој смета и дека не е должност на претседателот да се бави со промени на изборниот процес, туку само треба да ги распише изборите.

„Претседателот Радев сакаше избори на 28 март, а сега бара да се одложи датумот. Прашањето е: Кој врши притисок врз него?“.

Радев во декември ги распиша изборите за крајот на март, но на почетокот на јануари поради големиот број смртни случаи од ковид-19 наложи како мерка против ширењето на коронавирусот изборите да се поместат за подоцна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе