Бугарски пратеник: Најсиромашната земја во ЕУ е на прво место според воените трошоци

Бугарија во периодот меѓу 2018 и 2019 година ги зголемила трошоците за одбрана за 127 отсто.

Заменик претседателот на Народното собрание на Бугарија Веселин Марешки изрази огорчување поради фактот што таа земја била на првото место во светот според растот на воените трошоци. Податоците ги објави Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Марешки смета дека тоа е недозволиво имајќи ја предвид економската состојба на Бугарија.

„Најсиромашната држава од Европската Унија е на првото место според расходите за војската! Тоа е политиката која ја поддржуваат сите партии кои сакаат да го задржат статус квото. Сакам да бидеме први според трошоците за подобрување на здравствената заштита, модернизацијата на образованието и борбата против домашниот криминал, (според трошоците) за тоа постарите луѓе да имаат пристојна старост, а младите образовани родители да имаат повеќе деца и поголеми примања. Сите Бугари да живеат подобро, и притоа никој да не ги ограбува. За мене не постојат други приоритети“, истакна Марешки на својот профил на Фејсбук.

Како што се наведува во истражувањето на СИПРИ, Бугарија во периодот меѓу 2018 и 2019 ги зголемила трошоците за одбраната за 127 отсто и на тој начин потрошила процентуално најмногу средства за тој период. Наглиот скок на одбранбените трошоци се должи на еднократната уплата за купување осум ловци Ф-16 – во август минатата година министерството за одбрана им префрли на Соединетите Американски Држави 1,2 милијарди долари.

Во периодот од 2010 до 2019 четири европски земји ги зголемиле своите расходи за војската за повеќе од 150 отсто: Литванија за 232 отсто, Летонија за 176 отсто, Бугарија за 165 отсто и Романија за 154 отсто. Полска во изминатите десет години своето трошење го зголемила за 51 отсто.

Марешки повеќе пати повикуваше на откажување од договорот за купување на Ф-16 и друго вооружување во рамки на модернизацијата на војската.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе