Бугарија: Сменет претседателот на собранието, следната недела гласање за доверба на владата

Пратениците на бугарскиот парламент го сменија денес претседателот на собранието Никола Минчев, што значи дека премиерот Кирил Петков го изгубил мнозинството, па гласањето за доверба на владата е закажано за следната недела.

EPA-EFE

Петков кажа дека Минчев е жртва на коалицијата која во парламентот ја формираат ГЕРБ, ДПС, Препород и ИТН, јавуваат бугарските медиуми.

Тој кажа и дека секој кој гласал против Минчев јасно дал до знаење дека не му е важна државата. Петков истакна дека не се плаши од нови избори.

До избор на нов претседател на парламентот, со седниците ќе претседава заменик на сменетиот Минчев.

За смена на Минчев гласаа 125 пратеници, 113 беа против, а еден беше воздржан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе