Софија

Бугарија оди пак на избори, Пламен Николов нема да биде мандатар за состав на нова бугарска влада

 Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов која како победник на изборите требаше да ја формира новата бугарска влада го врати мандатот. Тоа речиси сигурно значи дека Бугарија ќе оди на нови избори доцна наесен.

„Направивме сè што беше во нашата моќ. Ги направивме сите компромиси кон таканаречените ‘протест партии‘ за да ја поддржат владата на Има таков народ како прва политичка сила во државата. Направивме сè што беше во нашата моќ да го смириме народот и да имаме влада, но тоа нема да се случи поради предавството на Демократска Бугарија и Исправи се БГ“, кажа Трифонов.

Мандатарот за состав на валда на Бугарија, Пламен Николов  од партијата „Има таков народ, утре ќе ја повлече кандидатурата. Тој за БТА изјави дека тоа ќе го стори од лични причини и за тоа нема законски пречки.

Од „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!” објавија дека нема да го поддржат предлог -кабинетот.

Трите партии од коалицијата „Демократска Бугарија“ одлучија да не ја поддржат предложената влада од најголемата парламентарна партија во бугарскиот Парламент – „Има таков народ“ , соопшти копретседавачот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, на брифинг во Националното собрание.

Според Иванов, нема дефинитивен ангажман на „Има таков народ“ за престанок на мандатот на главниот обвинител, Иван Гешев, за судски реформи и за смена на шефот на Комисијата за конфискација на незаконски стекнатиот имот, Сотир Цацаров. Овој состав на Советот на министри е најслабиот што некогаш бил избран во Бугарија, категоричен е Иванов.

Според него, третиот мандат за формирање влада ќе биде кризен, што може да обезбеди можност Бугарија да има ограничено време до осум месеци. Таквата влада треба да спроведе судски реформи, да ја изнесе земјата од претстојниот четврти бран на ковид-19 и да гласа за буџетот за следната година, само откако ќе се одржат предвремени парламентарни избори во Бугарија.

Во оваа влада „Демократска Бугарија“ предлага да се поканат само успешни министри од привремената влада, која беше назначена од претседателот Румен Радев.

Според Иванов, доколку третиот мандат го добие БСП, тоа ќе значи осуда на пропаст и одење на нови избори и јасно треба да се каже дека ќе биде дадена на најмалата политичка сила во 46. Народно собрание „БГ! Доаѓаме”.

Иванов ги повика политичарите во Народното собрание да не ги палат мостовите и да ги надминат тензиите за да постигнат договор за влада со ограничен мандат. 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе