Борисов ѝ изразил поддршка на тој предлог на канцеларката Меркел чија земја претседава со ЕУ до крајот на годината.
Полска и Унгарија одбиваат да го прифатат услов за исплатата на десетици милијарди евра од фондовите на ЕУ да биде почитувањето на владеењето на законите, независноста на правосудството и слободата на медиумите.
Тие две земји, кои добија поддршка од Словенија, поради тоа ставија вето на предлогот за долгогодишниот буџет на ЕУ.
Романскиот премиер Лудовик Орбан претходно денес за Франс прес кажа дека се залага за демократските вредности на кои е заснована ЕУ. Словачка и Чешка исто така го подржаа владеењето на правото, и само Словенија го поддржа ставот на Полска и Унгарија.