Бројот на заразените со коронавирус во САД помина 7 милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во САД надмина вчера седум милиони, што е повеќе од 20 отсто од бројот на заразени во светот, додека во септември растот на бројот на заразените бил најголем на американскиот Среден запад.

EPA-EFE

Пред неколку дена бројот на умрени од компликации со ковид-19 во САД надмина 200 илјади. Секој ден во таа земја од коронавирусот умираат над 700 луѓе. Најмногу случаи на зараза има во Калифорнија, повеќе од 800 илјади, па во Тексас, Флорида и Њујорк.

Државите од Средниот запад, со исклучок на Охајо, забележаа повеќе случаи во последните четири недели отколку во претходниот период, а најголем е порастот во Северна и Јужна Дакота.

Според анализата на Ројтерс, стапката на раст на потврдените случаи пораснала во повеќе од пола од 50 американски сојузни држави овој месец. Во десет држави е забележан рекорден број дневно заразени во септември.

Минатата недела порасна бројот на новозаразените, откако паѓаше осум недели по ред. Експертите веруваат дека порастот е резултат на отворањето на школите и универзитетите и поради собирањата за Денот на трудот.

Во моментов САД бележат просечно 40 илјади нови случаи дневно, а главниот експерт за заразни болести на владата на САД Ентони Фаучи кажа дека би сакал да види тие бројки да паднат под 10.000 пред почетокот на сезоната на грип во октомври.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе