Бројот на убиените поради десниот радикализам на западот на Европа рапидно расте

Иако бројот на убиените поради десничарскиот радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија пораснал за 250 отсто во однос на 2014, бројот на загинатите во терористички напади во светот во 2019 падна петта година по ред.

EPA-EFE

Бројот на загинатите во терористички напади минатата година изнесувал 13.826, што е пад за 15 отсто во однос на 2018 и петта година по ред таа бројка паѓа од 2014 година, објави Институтот за економија и мир (ИЕП) во својот глобален индекс на тероризам.

ИЕП предупредува дека бројот на убиените поради десничарскиот радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија пораснал за 250 отсто во последните пет години, а минатата година имало 89 загинати во такви случаи.

„Тоа ниво сега е највисоко во изминатите 50 години“, објави ИЕП, а пренесува Франс прес. Институтот истакнува дека конфликтите и понатаму се главна причина за тероризмот бидејќи повеќе од 96 отсто од нападите во 2019 година биле извршени во држави каде трае војна или насилни судири.

Најголемиот пад на бројот на убиени е во Авганистан и Нигерија, но тие остануваат единствените две држави каде бројот на убиени е над илјада.

И покрај падот на бројот жртвите на тероризмот на глобално ниво, тој и понатаму е значајна и сериозна закана во многу држави, а ситуацијата се влошува во Буркина Фасо, Шри Ланка, Мозамбик, Мали и Нигер.

Втора година по ред најпогоден регион е јужна Азија.

„Со влегувањето во новата деценија гледаме нови закани на тероризмот. Најголемите примери се растот на крајната десница на Западот и влошувањата во Сахел (северна Африка)“, изјави Стив Килелеа, извршниот директор на ИЕП.

Талибанците минатата година и понатаму беа најсмртоносната терористичка група, а Исламска држава и понатаму опаѓа, иако подружниците ѝ се сè уште активни, особено во супсахарска Африка. ИЕП заклучува дека коронавирусот и последичниот економски пад веројатно ќе ги зголемат политичката нестабилност и насилството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе