Брод со украинска пченица пристигна во Етиопија. Зеленски: Испраќаме храна, испраќаме надеж (ВИДЕО)

Брод со украинска пченица наменет за Етиопија вчера пристигна во пристаништето Доралех, првиот брод што исплови како дел од напорите да се испрати храна во земјите најранливи на глад и суша, рече претседателот Володимир Зеленски.

Фото: скриншот

Минатата сабота Украина и сојузничките земји покренаа иницијатива за извоз на жито во вредност од 150 милиони долари во Етиопија, Судан, Јужен Судан, Сомалија, Конго, Кенија и Јемен.

„Испраќаме храна. Испраќаме надеж“, рече Зеленски во твитот заедно со кратко видео од брод кој превезува 25.000 тони пченица за Етиопија, за кој рече дека пристигнал во пристаништето Доралех, во соседен Џибути.

Зеленски во петокот рече дека до почетокот на следната година вкупно околу 60 бродови ќе испорачаат товар.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе