Брнабиќ за невоведувањето полициски час: „Мислам дека претседателот Вучиќ беше во право“

Откако српскиот кризен штаб донесе мерки што не вклучуваат полициски час, премиерката Ана Брнабиќ одговори зошто не е воведен иако претседателот Вучиќ бил да се воведе.

EPA-EFE

На новинарското прашање по седницата на кризниот штаб зошто не го послушала претседателот Вучиќ за воведувањето полициски час, премиерката Брнабиќ кажа дека мисли дека претседателот е во право. Сепак, истакна дека се другите причини зошто сепак во Белград не е воведена забрана за движење за време на викендот.

„Мислам дека претседателот е во право, да воведевме забрана ќе имавме сигурни резултати. Од друга страна, за тоа е потребно да се воведе вонредна состојба на територијата на цела Србија. Ние во овој момент имаме поголем број локални самоуправи каде што немаме проблем, отколку каде што имаме“, одговори Брнабиќ.

Таа истакна дека нема подобро решение од почитување на мерките од страна на граѓаните.

„Не постои таков здравствен систем што може да функционира ако граѓаните не ги почитуваат мерките. Мораме да ги пуштиме луѓето да живеат, ова ќе трае уште долго“, кажа српската премиерка, истакнувајќи дека би трпело и стопанството.

„Не ги критикувам граѓаните на Србија. Јас не бев доволно дисциплинирана во некои ситуации. Видов што може да се случи, видов колеги кои се разболеа“, додаде таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе