Брнабиќ: За мене како премиерка на Србија не е добро да летувам во Хрватска

Од одбележувањето на 27-годишнината на хрватската воено-полициска операција Олуја српските политичари дебатираат за одморот на Србите на хрватскиот брег. И пратеникот на владејачката партија СНС Владимир Ѓукановиќ и градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ кажаа дека не ги разбираат Србите кои летуваат во Хрватска.

EPA-EFE

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ летувала во Хрватска па и таа го даде своето мислење на српската јавност. Брнабиќ кажа дека наследила имот во Хрватска и дека затоа летувала на хрватскиот брег.

„Имам куќа во Хрватска, на островот Крк. Мојот дедо, таткото на мојот татко е од Крк, па имам моја куќа таму. Последен пат таму бев во 2016 година. Откако влегов во владата, како министерка за државна управа и локална самоуправа, не сум отишла во својата куќа“, кажа Брнабиќ.

Таа кажа дека во овој момент чувствува дека за неа како шефица на српската влада не е добро да летува во Хрватска.

„Дел од моето семејство летува таму. Тоа е мое лично чувство, мислам дека не морам да го објаснувам“, порача српската премиерка.

Минатата недела новосадскиот градоначалник Вучевиќ изјави дека не ги разбира своите сограѓани кои заминуваат на одмор во Хрватска. Тоа го изјави пред годишнината на Олуја.

„Нека летуваат каде сакаат, не ми е грижа. Но сигурно е гадно и прилично непријатно утре да бидете Србин во Далмација или некаде на одмор на Јадранското Море во Хрватска. Утре тие ќе слават и ќе зборуваат дека победиле победувајќи ги Србите. Само ако нуркате цел ден, земете голема боца кислород, одете под море и правете се дека ништо не се случува и дека околу вас се пристојни луѓе“, кажа Вучевиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе