Брнабиќ: Србија еднострано ја повлекува одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор

Српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека официјален Белград еднострано ја повлекува реципрочната одлука за протерување на амбасадорот на Црна Гора, откако министерството за надворешни работи во Подгорица го прогласи амбасадорот на Србија за непожелна личност.

EPA-EFE

„Конвенциите се важни, но животот е поважен. Дојде време за пријателство со Црна Гора“, им кажа на новинарите Брнабиќ по синоќешниот состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.

„Претседателот Вучиќ нè повика мене и министерот Селаковиќ на разговор за да се консултираме околу одлуката на владата. Тој ја разбира и поддржува оваа одлука, бидејќи е во согласност со Виенската конвенција и протоколите. Ни кажа дека конвенциите се важни, но дека животот и нашето пријателство со Црна Гора се поважни“, истакна Брнабиќ.

Таа најави дека Србија еднострано ќе ја повлече својата одлука за протерување на црногорскиот амбасадор, наведувајќи дека за таа одлука се консултирале и со „претставниците на српскиот народ во Црна Гора“, кои ја поддржале.

Србија во саботата, повикувајќи се на Виенската конвенција, за непожелна лично го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Белград Тарзан Милошевиќ, возвраќајќи со таа мерка на претходниот потег на Црна Гора, која, неколку часа претходно, го прогласи за непожелен српскиот амбасадор Владимир Божовиќ, барајќи од него да ја напушти Црна Гора.

Подгорица на српскиот амбасадор му замери што одлуката на црногорското собрание од 1918 година, кога реши Црна Гора да се припои кон Србија, ја нарече „ослободување“ и „слободна волја“ на црногорскиот народ.

Црногорската влада смета дека тоа собрание било нелегално и нелегитимно и дека Божовиќ со својата изјава „ја омаловажил државата што му дала дипломатско гостопримство“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе