Српската влада усвои договор со Фајзер

Брнабиќ: Се трудиме првите вакцини да стигнат до крајот на годината

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ порача денес дека првите вакцини против коронавирусот во таа земја ќе бидат пред крајот на декември, наведувајќи дека државата во најголема можна мера се труди тоа да го исполни.

EPA-EFE

„Јас се надевам дека ќе биде онака како што и ветивме, дека Србија ќе биде меѓу првите земји кои ќе ја имаат вакцината и дека првите вакцини ќе ги имаме во земјата до крајот на декември“, кажа Брнабиќ за РТС.

Таа потсети дека вчера во Србија стигнаа првите дози од руската вакцина Спутник V, 20 дози за проверка и тестирање.

Наведе и дека со Фајзер е потпишан преддоговор и дека вчера на седница на српската влада е усвоен и договор со американската компанија кој, како што наведе, треба да биде потпишан најдоцна во понеделник.

Додаде дека се преговара и со Кина и дека е потпишано писмо за намери.

„Ние ќе се трудиме во најголема можна мера“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе