За поканата за посета на Црна Гора

Брнабиќ: Незгодно е да се посети држава од која е протеран амбасадорот на Србија

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека „ја има предвид“ поканата на црногорскиот колега Здравко Кривокапиќ да ја посети Црна Гора, наведувајќи дека е незгодно да се посети држава од која амбасадорот на Србија е протеран.

EPA-EFE

Брнабиќ,  одговарајќи на прашањето на новинарите дали ќе ја посети Црна Гора, му се заблагодари на Кривокапиќ на поканата, и додаде дека е „незгодно да ја посети државата во која вашиот амбасадор е прогласен за непожелна личност“.

„Се надеваме дека тоа прашање (на амбасадорот) ќе може да се реши, а во кој било друг сегмент од дијалогот, владата на Србија и државниот врв покажаа колку им значи соработката со Црна Гора во овој момент“, кажа Брнабиќ, пренесува Танјуг.

Таа кажа дека на јасно барање на претседателот на Србија Александар Вучиќ не возвратила со реципрочни мерки на Црна Гора, и дека „го задржала нејзиниот амбасадор во Белград“.

„Тоа е гест на пружена рака, и понатаму очекуваме на тој гест соодветно да одговори и Црна Гора. Ја имам предвид нивната покана и им благодарам“, порача Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе