Брнабиќ на Косово: Нема да дозволиме нови прогони (ВИДЕО)

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ го посети вчера Косово и се заложи за мир, стабилност и толеранција истакнувајќи дека тоа е единствениот начин Србите да останат на Косово, пренесуваат српските медиуми.

EPA-EFE

Брнабиќ кажа дека Белград е спремен на дијалог со Приштина и донесување тешки одлуки, додека Приштина бега од нив. Изрази надеж дека приштинските институции ќе бидат посветени на дијалогот и барањето компромиси, кои се неопходни за нормализација на односите.

„Интересот на Србија и српскиот народ е мир и стабилност“, кажа Ана Брнабиќ, наведува Радио Митровица Север.

Брнабиќ го посети Мултимедиумскиот центар во Северна Митровица порачувајќи дека Косово во моментов е во тешка и комплицирана ситуација. Но дека е задоволно што по последните провокации е зачуван мирот.

Премиерката на Србија ја повтори пораката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека секогаш ќе биде со својот народ на Косово наведувајќи дека владата на Србија во последните неколку години вложила повеќе на Косово отколку во последните 40 години. Додаде дека Белград „нема да дозволи нови прогони на Србите“.

Премиерката на Србија за првпат по пет години, колку што е на функцијата, го посети Косово.

Мораше, како сите граѓани на Србија кои влегуваат на Косово со автомобили, да ги излепи ознаките на Србија на регистарските таблички.

Се појавија снимки од пристигнувањето на Брнабиќ и нејзината придружба, и сите возила имале таблички со налепници.

Бидејќи преговарачите на Србија и Косово не постигнаа договор за трајно решение за регистарските таблички за возилата, и понатаму важи режимот со налепници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе