Српската премиерка

Брнабиќ му одговори на Билт: „Лажна вест“ е тоа дека не ја цениме помошта од ЕУ, но пратката дојде од Кина

Откако поранешниот шведски премиер Карл Билт ја обвини Србија дека прави спектакл од помошта што ја добива од Кина за коронавирусот но ја игнорира „далеку посуштинската“ помош од Европската Унија, српската премиерка Ана Брнабиќ одговори во обид да ги разјасни нештата.

„Кога Кина испрати авион со помош за Србија претседателот (Александар) Вучиќ направи спектакл од тоа“, напиша Билт на Твитер во петокот. „Но кога ќе дојде далеку посуштинската помош од ЕУ нема ни фанфари ниту претседателот“.

Билт ја пренесе пораката на Сем Фабрици, амбасадорот на ЕУ во Србија, кој постираше фотографии од товарен авион со помош на белградскиот аеродром во четвртокот вечерта. На една од фотографиите јасно се гледа Брнабиќ со маска на лицето, како го дочекува авионот.

„Да претпоставиме дека ширењето лажни вести за да се испрати силна политичка порака е поради недостигот од информации а не со лоша намера“, му одговори српската премиерка на Билт. „Авионот пренесуваше и помош од Кина и медицинска опрема купена од Србија. Нашите ЕУ партнери платија за транспортот и ние исклучително го цениме!“

Како што напиша и Фабрици во постот што го пренесе Билт, ЕУ платила за транспорот но не и за самиот товар. Иако Брисел одредеи 93 милиони евра за помош на Србија во борбата со коронавирусот, тешко може да се процени дека плаќањето на товарниот авион е „далеку посуштинска“ помош од медицинските материјали и екипи кои Пекинг досега му ги прати на Белград.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе