Брнабиќ: Можен е договор на Србите и Албанците

Шефицата на српската влада Ана Брнабиќ верува дека е можен историски договор на Србите и Албанците.

EPA-EFE

Таа истакна дека за тоа се потребни храбри лидери со визија, како српскиот претседател Александар Вучиќ, а дека таа како премиерка не би ја потпишала независноста на Косово.

Брнабиќ потврди дека постојат разни притисоци врз Србија и оцени дека на Вучиќ не може да му се даваат ултиматуми и да му се сервираат решенија.

„Тој и Српската народна партија (СНС) се грижат за Србија, а не за победа на изборите. Победата на изборите ја гледаме како начин да се бориме за Србија, а не како цел сама за себе“, кажа Брнабиќ.

На директното прашање дали би потпишала признавање на независноста на Косово, таа кратко одговори: „Не“.

Како што објасни Брнабиќ, во оваа фаза ни ЕУ ни САД не кажале дека нема членство во Европската Унија без признавање на Косово, туку дека нема членство без долгорочно решение за косовското прашање.

Истакна дека Србија се залага да се реши замрзнатиот конфликт, дека интересот на Србија е мир и стабилност, како и придружување во ЕУ.

„Наоѓањето компромис кој би обезбедил одржливи мир и стабилност и нашиот европски пат се интересот на Србија, бидејќи ќе ни обезбедат и понатаму економски да јакнеме“, кажа српската премиерка.

Оцени дека во Приштина нема лидери со визија и храброст.

„Можно е поради тоа да ја пропуштиме историската шанса која долго нема повторно да ни се укаже. Јас се надевам дека сепак нема да ја пропуштиме“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе