Српската премиерка

Брнабиќ: Хрватска се покажа како непријателска земја кон Србија

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ оцени денес дека Хрватска се покажала како непријателска земја кон Србија, бидејќи го стопираше доводот на нафта преку нафтоводот Јанаф (Јадрански нафтовод).

EPA-EFE

„Сето ова се случува на барање на Хрватска, а Србија се казнува бидејќи бара правда за убиените деца, а ова да не го спречи Европската Унија, тоа е скандал“, кажа Брнабиќ.

Таа оцени дека одлуката за стопирање на нафтата е директна финансиска штета на Србија и дека со тоа „им избија од џебот на граѓаните на Србија“ стотици милиони евра.

„Тоа е срамна одлука на ЕУ и таа одлука смени сè, а во Прага ќе видат кој е Александар Вучиќ, никој нема да се осмели да го праша што било“, кажа премиерката на Србија.

Таа кажа дека не постои алтернативен нафтовод и дека Хрватска тоа го злоупотребила.

„Не можеме да најдеме поевтина нафта од оваа, а очигледно не мораат ни договорите да се почитуваат. Бугарија може да користи руска нафта, а Србија не може“, кажа Брнабиќ.

Таа кажа дека Вучиќ денес во Прага се сретнал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

„Ги очекувам со задоволство говорите на Вучиќ во Прага, бидејќи знам во какво расположение замина“, кажа српската премиерка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе