„Срамота е некој да ги крши препораките“

Брнабиќ: Ги кршат мерките дење, а навечер им плескаат на лекарите – лицемерие и себично однесување

Експертите кажаа дека во петтата и шестата недела нема повеќе што да се чека, ова се моментите кога нашето општество ќе падне или ќе победи и ги повикувам сите граѓани, ако не поради вас, барем заради солидарност со лекарите и постарите граѓани, сега сите заедно да ги почитуваме мерките, изјави синоќа премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

„Мислам дека е пример на крајно себично однесување и лицемерие, дека е срамота некој преку ден да ги крши препораките за самоизолација и мерките кои се донесени, а потоа во 20 часот да им ракоплеска на лекарите и на медицинските работници“, оцени Брнабиќ.

„Секој ден кога шетаме е еден ден подолго за постарите од 65 години да седат дома. Кога сите би биле две недели дома, би им олесниле на тие луѓе да не седат дома во изолација“, порача српската премиерка.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе