Британските возачи протестираа поради горивото, полицијата ги уапси за бавно возење (ВИДЕО)

Повеќе од десетина демонстранти беа уапсени за бавно возење на протестите на автопатите во Англија, Велс и Шкотска, кои беа организирани поради растечките цени на горивото.

Фото: ЕПА

Тие возеа побавно на автопатите со три ленти, оставајќи ја надворешната лента слободна. Полицијата уапси дванаесет лица за време на протестот на автопатот М4, што доведе до затворање на мостот „Принцот од Велс“. Уште еден маж е уапсен во близина на А38.

Демонстрантите, кои се организираа на социјалните мрежи, демонстрираа против растечките цени на горивото и возеа во низа колони со брзина помала од 48 км на час за да предизвикаат застој на главните патишта и автопатите.

Надзорникот Том Хардинг од полициската станица Гвент изјави дека луѓето биле уапсени за долготрајно возење под 48 км на час. Полицијата соопшти дека организаторите на протестот добиле правно известување за да ги спречат да го блокираат мостот над реката Северн, во кое се наведува дека тие не треба да возат под таа брзина.

Тарик Акрам, возач на камион од Сканторп, рече дека бил во колона од 50 возила што поминале низ Сканторп и Донкастер со брзина од 32 км на час. Тој за Би-би-си рече дека неговата компанија во последните четири месеци, како резултат на цените на горивото, имала дополнителни трошоци од 4.000 фунти.

„Одѕивот беше апсолутно фантастичен. Само од нашата област учествуваа 35 возила. Во еден момент мислев дека некои автомобили сакаат да ја претекнат колоната, па сакав да ги пропуштам, а потоа сфатив дека сакаат да се приклучат на протестот“, рече Акрам.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе