Британскиот премиер е во стабилна состојба по ноќта помината на интензивна нега

Британскиот премиер е во стабилна состојба и со добро расположение откако ја помина ноќта на интензивна нега поради компликации со коронавирусот, пренесува Би-би-си.

Портпаролот рече дека Џонсон (55) во текот на ноќта бил стабилен, и не бил на респиратор.

Кралицата испрати порака до семејството и бремената партнерка на Џонсон, велејќи дека мисли на нив.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера вечер поради влошување на симптомите на ковид-19 беше префрлен на одделот за интензивна нега во лондонската болница и добил терапија со кислород.

На Џонсон во текот на вечерта му се влошила состојбата и бил пренесен на одделот за интензивна нега во болницата Сент Томас „во случај да му затреба респиратор“, соопшти владата.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе