Британскиот премиер Борис Џонсон има коронавирус (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот, објави Би-би-си, а тој потврди на својот профил на Твитер.

Џонсон засега има благи симптоми.

„Имам температура и кашлица. На совет на лекарот се тестирав и сум позитивен. Во самоизолација сум, работам од дома и во постојана комуникација сум со своите соработници во борбата против коронавирусот. Не грижете се, заедно ќе го победиме ова. Само останете дома и така помогнете им на нашите прекрасни лекари“, порача Џонсон во снимката што ја објави на Твитер.

Британскиот премиер се наоѓа во кабинетот во Даунинг стрит, а британската влада соопшти дека тој и понатаму ја предводи, независно од позитивниот тест.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе