Британскиот министер за здравство: И од грип умираат 20.000 луѓе годишно па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече во четвртокот британскиот министер за здравство Саџид Џавид додека земјата ги укина повеќето мерки.

Фото: ЕПА

„Мораме да научиме да живееме со него. За жал, луѓето умираат и од грип: во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја“, изјави Џавид за Скај њуз.

„Ковид нема да замине. Ќе биде меѓу нас уште многу, многу години, можеби засекогаш, и мора да научиме да живееме со него... Мислам дека сме лидери во Европа во транзицијата од пандемија во ендемија и водиме во тоа да му покажеме на светот како може да се живее со ковид“.

Британскиот премиер Борис Џонсон во средата објави дека следната недела ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени за сузбивање на верзијата на коронавирусот омикрон во Англија и дека во март планира да ја укине изолацијата за лицата позитивни на вирусот.

Од четврток, 27 јануари, носењето маска повеќе нема да биде задолжително, работа од дома веќе нема официјално да се препорачува, а ковид-потврда нема да биде задолжителна за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири, рече конзервативниот лидер во парламентот.

„Бидејќи ковид станува ендемична болест, мораме да ги замениме законските обврски со упатства и препораки“, рече Борис Џонсон.

Тој рече дека не планира да ја продолжи обврската за изолација на лицата позитивни на ковид-19 по 24 март, кога ќе престане да важи. Тој може да ја укине оваа обврска и пред тој датум. „Нема законски да ги принудуваме луѓето во изолација доколку имаат грип“, рече тој.

Во Велика Британија, повеќе од 152.000 луѓе починаа од ковид-19. Последните достапни податоци покажуваат пад на бројот на новозаразени за речиси 40 отсто на неделно ниво, а бројот на хоспитализирани е стабилизиран.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе