Британски тинејџер по 1 година се разбуди од кома, нема поим за ковид-пандемијата

Британски тинејџер полека излегува од кома скоро една година откако го удрил автомобил, и тој не знае за пандемијата на коронавирусот, иако двапати се заразил со вирусот, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Џозеф Флавил (19) претрпел трауматски повреди на мозокот кога го удрил автомобил во централниот англиски град Бартон-он-Трент на 1 март минатата година, околу три недели пред да биде воведена првата национална блокада за да се спречи ширењето на вирусот.

За тоа време, неговото семејство главно не смеело да биде во негова близина за да му ја држи раката поради мерките против коронавирусот, главно обидувајќи се да комуницира со него преку видеоврска.

„Неодамна Џозеф почна да покажува мали знаци на опоравување, од кои ние сме воодушевени... Знаеме дека сега може да нè чуе, реагира на ситни дразби“, изјави за Ројтерс неговата тетка, Сали Флавил.

„Кога ќе му кажеме 'Џозеф, не можеме да бидеме со тебе, но безбеден си, ова нема да трае засекогаш', тој разбира, нѐ слуша, само не може да комуницира“, рече таа, додавајќи дека засега тој сигнализира „да“ со едно трепкање и „не“ со две трепкања.

Од несреќата на Џозеф, Велика Британија регистрираше скоро четири милиони случаи на ковид-19, вклучително и повеќе од 110.000 смртни случаи, во пандемијата што го сврте животот наопаку низ целиот свет, затворајќи ги училиштата, универзитетите, рестораните, продавниците и многу други места.

„Не знам како Џозеф некогаш ќе ги разбере нашите приказни за оваа блокада“, рече неговата тетка, додавајќи дека тој сè уште е многу болен и се соочува со „многу, многу долго патување“ назад кон некаков вид нормален живот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе