Нил Периш, пратеникот кој ги застапува Тивертон и Хонитон во југозападната англиска област Девон, денеска беше суспендиран од партијата.
На состанокот на конзервативните партија беше покрената истрага на независниот одбор за приговори и жалби по обвинувањата против него. Периш е претседател на Комитетот за животна средина, храна и рурални прашања, ја претставуваше изборната единица Девон од 2019 година.
Премиерот Борис Џонсон рече дека гледањето порнографија е неприфатливо на кое било работно место.
Скандалот избувна во време кога Џонсон и неговата партија се под притисок поради забавите во резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит, кога земјата беше под строг карантин. Борис Џонсон е под истрага за лажење на парламентот за забавите.