Британски Оксфам: Десетте најбогати луѓе во светот би можеле да купат вакцини за сите

Вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусот. Со тие пари би можеле да се купат вакцини за сите и да се спречи сиромаштијата предизвикана од пандемијата, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Според извештајот на британската непрофитна организација Оксфам интернешнал, капиталот на десетте најголеми богаташи е еквивалентен на износот на сите власи на земјите од Г20, предвиден за заздравување на економиите.

Во периодот од 18 март до 31 декември минатата година богатството на милијардерите се зголемило за 3,9 трилиони долари и сега изнесува 11,95 трилиони, истиот износ која владите на земјите од Г20 го потрошиле на пандемијата.

Меѓу десетте најбогати се светски познатите имиња како основачот на Амазон Џеф Безос, шефот на Фејсбук Марк Закерберг, шефот на Тесла и Спејсекс Илон Маск и сеприсутниот Бил Гејтс.

Безос само од септември заработил толку што можел на секој работник на Амазон да му исплати бонус од 105 илјади долари, а притоа да остане еднакво богат како и пред пандемијата. Амазон вработува повеќе од 1.200.000 луѓе, 810.000 само во САД.

Оксфам проценува дека поради пандемијата околу 500 милиони луѓе живеат во сиромаштија.

„Сметаме дека ова е прилика да се преземат радикални чекори, даноци за богаташите и корпорациите и зголемување на минималната социјална заштита за секого“, кажа извршниот директор на Оксфам Дени Срискандаража.

Голем број спортисти, филантропи и претприемачи донираа големи суми пари за помош во пандемијата.

Коосновачот на Твитер Џек Дорси во април најави дека ќе даде милијарда долари во хуманитарни цели. Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда донираа 305 милиони долари за вакцините, лекувањето и дијагностиката, додека Џеф Безос донираше 125 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе