Британската премиерка: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас во своето прво интервју за американска телевизија ја коментираше најавата за руската делумна мобилизација и нападот на Украина.

Скриншот Јутјуб

„(Рускиот претседател Владимир) Путин направи стратегиска грешка со инвазијата на Украина“, кажа Трас за Си-ен-ен и додаде: „Мислам дека Украинците го надмудрија. Видовме дека Украинците продолжија да возвраќаат. И мислам дека не ја предвиде силата на реакцијата на слободниот свет“.

На прашањето како западните лидери треба да одговорат ако Русија ја засили воената активност во Украина, Трас кажа дека не треба да се слуша „тропањето со оружје на Путин и неговите лажни закани“.

„Наместо тоа, она што треба да го направиме е да продолжиме да ѝ воведуваме санкции на Русија и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците.

Ако му се дозволи на Путин да успее, тоа не само што би испратило ужасна порака во Европа и, нормално, голема закана за самата украинска популација, туку би испратило порака и на другите авторитарни режими низ светот дека тоа е некако прифатливо, инвазија на суверена нација“, кажа Трас.

„Поради тоа е толку важно и понатаму да бидеме решителни, да не го слушаме тропањето со оружје со кое Путин се заканува и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците до крај. И тоа е она што Обединетото Кралство ќе го направи, уверена сум“, порача Трас.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе