Британската кралица поради коронавирусот заминува од Лондон, ќе престојува во замокот Виндзор

Британската кралица Елизабета Втора ги откажа сите забави во Бакингамската палата во Лондон и во четврток ќе го напушти главниот град и ќе замине во дворецот Виндзор поради пандемијата на коронавирусот, објави денес кралското семејство.

Неколкуте состаноци во Бакингамската палата неделава, вклучувајќи ја и аудиенцијата на кралицата со премиерот Борис Џонсон, ќе се одржат според планираното, се наведува.

„Нејзиното Величество во четврток 19 март ќе се пресели во дворецот Виндзор за велигденските празници, една недела порано од планираното“, соопшти нејзиниот кабинет. „Кралицата најверојатно таму ќе остане и по Велигден“.

Дворецот Виндзор се наоѓа во Беркшир на југоистокот на Англија.

Плановите на 93-годишната кралица се сменети како „разумна мерка на претпазливост и од практични причини во сегашните околности“.

Палатата „во консултација со владата“ подоцна ќе објави што ќе биде со традиционалната годишна воена парада, која се одржува во април на роденденот на кралицата, потоа одбележувањето на 75-годишнината од Денот на победата над фашизмот во Европа и планираната државна посета на јапонскиот цар.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе