Британија поради Русија ќе троши драстично повеќе на војската

Трошоците за одбрана на Британија ќе достигнат 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на оваа деценија, изјави денеска премиерот Борис Џонсон, ветувајќи дека ќе го зајакне буџетот за одбрана по руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

„Земјите... разбираат дека мора да трошат повеќе. Во нашиот случај, тоа значи да ја исполниме и да бидеме подготвени да ја надминеме целта што си ја поставивме пред десет години“, рече Џонсон на прес-конференцијата на самитот на НАТО во Мадрид.

„Логичниот заклучок на инвестицијата што предлагаме да ја преземеме... е дека до крајот на деценијата да достигнеме 2,5 отсто од БДП за одбрана“.

Британските трошоци за одбрана се очекува да достигнат 2,3 отсто од БДП оваа година поради зголемената воена поддршка за Украина, објави владата во вторникот.

Претходно оваа недела, министерот за одбрана Бен Валас рече дека Британија мора да ги зголеми инвестициите во одбраната за да се справи со заканите не само од Русија, туку и од Кина и други земји. Тој рече дека инвестициите мора да се зголемат од 2024 година, кога ќе треба да се разгледа сегашниот пакет за распределба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе