Зборувајќи до својот украински колега Дмитриј Кулеба за време на посетата на Варшава, Трус кажа дека Британија „треба да најави нови, пожестоки санкции за Русија“.
Додаде дека нема збор за попуштање на санкции против Русија додека руските трупи се во Украина.
„Факт е дека парите од Западот сè уште ја хранат воената машина на Путин. Тоа мора да сопре“, порача шефицата на британската дипломатија.